Кливленд подобар од Бостон: Феникс го изненади Торонто


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни 6 натпревари во НБА лигата.

Актуелниот шампион Кливленд го победи Бостон со 124:118. Во свои редови Кливленд имаше неколку расположени играчи, а ги предводеше Кајри Ирвинг со 32 поени, 12 асистенции и 5 скокови.

Кевин Лав постигна 30 поени и 15 украдени топки, а Џејмс додаде 23 поени, 11 асистенции и 8 скокови.

Мемфис ја декласираше Оклахома со 114:80 и така им го нанесе првиот пораз по 4 победи по ред. Марк Гасол со 25 поени и 8 скокови беше најдобар во победничкиот тим додека кај гостите најдобар беше Расел Вестбрук со 21 поен и 5 скокови.

Најдобриот играч на Оклахома во 3-та ¼-на заработи исклучување, а интересно е тоа што за 23 минути на паркетот немаше ниту една асистенција.

Изненадување на вечерта беа Феникс, кои го победија Торонто со 99:91.

Останати резултати:

Шарлот – Мајами 91:82
Јута – Филаделфија 100:83
Лејкерс – Далас 89:101