Кливленд подобар од Детроит – Голден Стејт ја победи Филаделфија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион во НБА, Кливленд вчера беше подобар од Детроит со 128:96. Натпреварот беше решен во првата ¼-на кога Кливленд направи предност од 18 поени. Најдобар беше Ирвинг со 24 поени и 6 асистенции. Кај гостите најдобар беше Харис кој постигна 17 поени.

Голден Стејт во неизвесен натпревар ја победи Филаделфија со 106:104. Во натпреварот најдобар беше Кари со 29 поени, 6 скокови и 5 асистенции. Го следеа  Томпсон со 28 поени и Грин со 20 поени. Кај гостите Сариќ постигна 25 поени.

Останати резултати:

Бруклин Оклахома 104:122
Њу Јорк – Индијана 87:81
Њу Орлеанс – Портланд 100:77