Клиперс подобар од Сан Антонио: Голден Стејт со победа против Бруклин


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во НБА лигата во ноќта од четврток кон петок беа одиграни 5 натпревари.

Клиперс повторно беа без помош од Грифин, но тоа не им пречеше да го победат Сан Антонио со 106:101.

Во отсуство на нивниот најдобар играч најдобро се покажаа резервните играчи, кои постигнаа 58 поени. Крис Пол постигна 19, Марес додаде 14, а Рејмонд Фелтон постигна 14 поени додека Џордан, Редик и Џамал постигнаа по 11.

Голден Стејт беше подобар од Бруклин со 117:101, иако во првото полувреме губеше со 16 поени разлика.

Со 26 поени Кевин Дурант беше најдобар кај победниците. Го следеа Томпсон со 23, како и Кари, односно Пачулија со по 15 поени.

Останати резултати:

Индијана – Бостон 102:109
Њујорк – Орландо 106:95
Мајами – Лејкерс 115:107