Клоп: Мане сега почна да трча, за Бекер немам зборови…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул утре во рамки на 16. коло во Премиер лигата силите ќе ги одмери со Борнмаут, но „Црвените“ на непријатното гостување патуваат без неколку важни играчи.

Садио Мане ќе го пропушти утрешниот дуел поради повреда на стапалото, поради која ќе го пропушти мечот со Барнли.

Сепак, добрата вест за Јирген Клоп е тоа што ќе може да смета на Жоржињо Вајналдум и Робертсон.

„Садио моментално не е подготвен, дури сега почнува со лесно трчање. Се надеваме дека ќе успееме да го завршиме програм тренингот, кој денес го поставивме пред него“, истакна Јирген Клоп.

Првиот човек на тимот од „Енфилд“ истакна дека е задоволен со игрите на Кеита во изминатиот меч, и додаде дека формата на Бекер на голот е фантастична.

Исто така, вреди да се напомене дека за утрешниот меч покрај Мане не се подготвени Ловрен и Клајн, како и Гомез кој се здоби со тешка повреда против Барнли, и следните шест недели ќе биде надвор од теренот.