Клоп одлучи, фудбалер на актуелен шампион е главна мета за ова лето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу играчи се поврзуваат со Ливерпул, но изгледа дека Клоп има приоритети.

Минатото лето тој го ангажираше Мане, кој стана еден од најважните играчи на тимот.

Сепак, управата направи голема грешка зошто никој не ангажираше во јануари, па по се изгледа дека тоа е причина за лошиот почеток на годината.

По поразот од Лестер паднаа на 5-то место на табелата, со бод помалку и натпревар повеќе од 4-то пласираниот Арсенал.

Ќе се обидат играчите на Клоп да стигнат до 4-то место, а потоа во лето ги очекува важен преоден рок.

Јасно е дека им се потребни засилувања во сите линии, за да имаат подобра ротација и да стигнат до подобар пласман. Најголемата желба на Клоп е во Лестер, најдобриот играч на минатата сезона во ПЛ, Ријад Марез.

Тој оваа сезона е далеку под своето ниво од минатата сезона, кога со 17 голови и 11 асистенции беше еден од најважните играчи на Лестер.

Сепак тоа не го намалува неговиот талент и фактот дека за Ливерпул би бил големо засилување.

Како што стојат работите, Лестер ќе помине тешко ова лето, како што помина минатото, па најверојатно ќе заминат некои фудбалери.

Замина и Раниери, а до крајот на сезоната им претстои борба за опстанок и единствена шанса Марез да остане во тимот е да ја освојат ЛШ.

Јасно е дека тоа е невозможна мисија за нив и ќе биде тешко до крајот на сезоната.