Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговиот тим мора да го урне рекордот на Манчестер сити, кој минатата година имаше 100 бодови, доколку сака да ја освои титулата во Премиерлигата.
„Црвените“ во петокот го победија Вулверехмптон со 2-0, па така ја осигураа првата позиција на табелата до Божиќ. На тоа место во исто време тимот од „Енфилд“ беше трипати претходно, но ниту еднаш не заврши како шампион.
Сепак, во 18 натпревари екипата на Клоп освои 48 бодови, а само два тима во минатото освојуваа повеќе – Челси во 2005/06 и Сити минатата година.
„Сите ме прашуваат за првото место на табелата и како во претходните четири години тимовите кои го пречекаа Божиќ на првото место, тие ја освојуваа титулата. Но, досега не беше олку тесно. Имаме 48 бодови и тоа е неверојатно. Но тука се Челси, Сити, Тотнем, Арсенал. Сите имаат повеќе од 40 бодови. Тоа значи дека за титулата ќе бидат потребни 105 бодови“, кажа Клоп.
Ливерпул до крајот на годината ќе одигра уште два меча. На „Енфилд“ ги пречекува Њукасл и Арсенал.