Клоп се загрева за летниот преоден рок: Пристигнува на „Енфилд“ суперталент од Турција…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул оваа зима не беше премногу активен на пазарот.

Јирген Клоп очигледно е задоволен со каква екипа располага, но „Црвените“ полека и сигурно тргнаа да градат тим за во иднина.

Според натписите на турските медиуми, нов член на Ливерпул од следното лето ќе биде Абдулакир Омур.

Фудбалерот на Трабзонспор има само 19 години и ја покрива десната страна во редот за врска, а може да делува и како класичен централен играч за врска.

Клубовите како што се наведува постигнале договор вреден 20 милиони евра во кој се наведува дека никој од нив нема да се огласува во врска со трансферот до крајот на сезоната.

Останува прашањето, дали Турчинот ќе успее да се всели меѓу 25те одбрани во првиот тим или ќе тргне по стапките на Марко Грујиќ…