Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа дека сака неколку засилувања месецов и според англиските медиуми на „Енфилд“ ќе пристигнат двајца фудбалери.
Еден од нив би требало да биде Адриен Рабио, кој неодамна го одби Тотнем и медиумите шпекулираа дека има договор со Барселона.
Младиот Французин не сака да го продолжи договорот со францускиот гигант, па ПСЖ ќе се обиде да заработи нешто од неговиот договор во јануари.
Уште еден фудбалер, кој се поврзува со трансфер на „Енфилд“ е левиот бек на Бристол Сити, Лојд Кели, кој би можел да ја засили конкуренцијата во тимот и да биде замена.
Како трето и можеби најголемо засилување се споменува Тимо Вернер, кој е голема желба на германскиот тренер, но за неговиот потпис ќе има голема конкуренција од Баерн Минхен.
Инаку, напаѓачот постигна 11 голови во 17 натпревари од Бундеслигата сезонава.