Клоп се извини, но доби и критики: Да беше навивач на негово место, сега ќе беше во затвор!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Дени Милс, поранешен англиски репрезентативец, кажа дека Јирген Клоп не смеел така да го прослави голот на Ливерпул против Евертон.

„Црвените“ стигнаа до триумф во 96. минута од дуелот, откако Дивок Ориги постигна среќен гол, а потоа Клоп втрча во теренот и го прослави голот заедно со Алисон.

„Немаше да има проблеми ако славеше покрај клупата, но тој влезе на теренот. Доколку такво нешто направеше навивач, сега ќе беше во затвор. Ова е дерби и важен дуел, но не смее да си дозволи така да трча низ теренот“, кажа Милс.

Фудбалската асоцијација на Англија почна дисциплинска постапка против Клоп, па наскоро се очекува нивната одлука.