Клоп со коментар за прославата на теренот: Се извинувам, ама не можев да се запрам (ВИДЕО)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, збесна од среќа по голот на Давид Ориги во 96. минута за триумф против градскиот ривал Евертон на „Енфилд“.

По победата Клоп даде коментар за својот потег, па им се извини на противниците и кажа дека очекува реакција од Фудбалската асоцијација на Англија.

„Сакам да се извинам, но не можев да се запрам. Не знам како ќе реагира ФА, па ќе морам да почекам. Уште еднаш се извинувам за мојот потег на мојот колега Марко Силва и на навивачите на Евертон“, кажа Клоп.