Клоп ја пронајде замената за Кутињо

Како што пишуваат медиумите во Франција, Јирген Клоп ќе се обиде да го донесе Јулијан Дракслер во редовите на Ливерпул доколку Кутињо замине во Барселона.

Дракслер е голема трансфер желба и на Арсенал, а Ливерпул се приклучи кон намерите за ангажман на Германецот по се извесното заминување на Кутињо.

Дракслер се поретко е во првиот тим на ПСЖ оваа сезона и никако не успева да фати место во тимот пред Нејмар, Кавани и Мбапе, па логичен е фактот што наскоро ќе ја промени средината.