Клубот на Несторовски и Трајковски продаден за – џабе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурицио Ѕампарини го продаде Палермо на компанија во Лондон, а цената беше само 10 евра, а желбата на бизнисменот беше да се ослободи од екипата во која вложи 150 милиони евра кога го купи од тогашниот претседател на Рома, Франко Сенси во 2002 година.

„Имав нешто во грлото кога го потпишав договорот, барав некој кој може да вложи повеќе пари, а новите сопственици ќе имаат добра ситуација, чисти сметки и поддршка од навивачите“, кажа Ѕампарини.

Палермо во последните години се натпреваруваше и во Серија А и во моментов е во Серија Б, иако воопшто немаат лош тим и најверојатно ќе се вратат наскоро во елитата.

Ѕампарини во текот на годините додека го предводеше клубот продаде голем број страшни фудбалери, како Лука Тони, Барѕаљи, Амаури, Кавани, Пасторе, Васкез, Дибала и со тие трансфери го финансираше клубот.

Инаку, за екипата на Палермо играат во моментов македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски.