Кои поважни трансфери се случија во последниот ден од преодниот рок во Серија А?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И во Италија преодниот рок заврши на ден пред официјалниот почеток на новата сезона во шампионатот.

Така неколку екипи беа доста ангажирани во текот на вчерашниот ден, а најактивни беа во Милано каде претставија две нови имиња.

Ова се дел од поважните трансфери кои се комплетираа во текот на вчерашниот ден во Серија А:

-Давид Оспина од Арсенал се пресели во Наполи на едногодишна позајмица со право на откуп на договорот

-Симоне Заза се приклучи на Торино на едногодишна позајмица од Валенсија

-Парма се засили со Жервињо кој дојде од Хебеи Чина Фортјун

-Милан ги комплетираше трансферите на Диего Лаксалт од Џенова и Саму Кастаљехо од Виљареал

-Играчот на Ливерпул, Рагнар Клаван потпиша двегодишен договор со Каљари