Коларов остана без заб во манчестерското дерби


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити Александар Коларов беше исклучително извонреден во победата на Манчестер Сити над градскиот ривал Јунајтед, но во текот на натпреварот на Олд Трафорд остана без заб.

Граѓаните славеа со 2:1, а соиграчот на српскиот фудбалер Вили Кабаљеро откри после натпреварот дека Коларов остана без “кецот“ објавувајќи слика од соблекувалната.

Со оглед на фактот што се случи, Коларов очекувано беше задоволен после победата на својот тим, а кога тоа ќе помине, го чека посета на стоматолог.

Избраниците на Пеп Гвардиола со победата во манчестерското дерби го задржаа максималниот скор, поради тоа што запишаа четири победи во првите четири кола во Премиер лигата.