Колку би изнесувале трансферите на Шевченко, Фердинанд, Ширер… на денешниот трансфер пазар?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Играчот кој воопшто не се снајде во Челси, Андриј Шевченко би бил најскапиот играч во Премиер лигата доколку трансферот се случеше денес. Украинецот би чинел 144.4 милиони фунти.

Шевченко пристигна во Челси за сума од 29.4 милиони фунти во 2006 година, но енормното зголемување на цените на денешниот трансфер пазар би значело дека фудбалерот би чинел дури пет пати повеќе од оваа цена.

Ширер би чинел 125 милиони фунти, додека трансферот на легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд би изнесувал 121.7 милиони фунти.

Ова истражување е направено од „Тотали Мани“ кои го анализирале секој трансфер од воведувањето на Премиер лигата во 1992 година и ги пресметале трансферите по нивна формула.

Истражувањето на „Тотали Мани“ ги зеде предвид повеќето фактори кои влијаеја за рапидниот пораст на цените на трансферите вклучувајќи ги и зголемените приходи од емитување и комерцијалните можности.

Ова би биле најскапите десет играчи во Премиер лигата

 

Андриј Шевченко 2006-07 Милан Челси £29.4m £144.4m
Алан Ширер 1996-97 Блекбурн Њукасл £15m £125.1m
Рио Фердинанд 2002-03 Лидс Ман. Јунајтед £29m £121.7m
Пол Погба 2016-17 Јувентус Ман. Јунајтед £86m £117.7m
Хуан Себастијан Верон 2001-02 Лацио Ман. Јунајтед £26.4m £115.9m
Дидие Дрогба 2004-05 Марсеј Челси £26.2m £115.7m
Фернандо Торес 2010-11 Ливерпул Челси £50m £115.5m
Микаел Есиен 2005-06 Лион Челси £25.8m £115.5m
Рој Кин 1993-94 Нотингем Форест Ман. Јунајтед £5.7m £111.2m
Вејн Руни 2004-05 Евертон Ман. Јунајтед £25.2m £103.6m