Колумбија ја отпиша Полска од Мундијалските возбудувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Колумбија со убедливи 3:0 славеше против селекцијата на Полска и со тоа дефинитивно и ги отпиша шансите за пласман во следната фаза.

Колумбијците беа далеку подобар противник во денешниот натпревар, а серијата голови ја отвори играчот на Барселона, Јери Мина кој го искористи одличниот центаршут на Хамес и одблиску го матираше Шесни.

За вториот гол се чекаше до 70. минута кога Фалкао погоди за 2:0, додека конечниот резултат го постави Квадрадо во 75. минута.

И покрај оваа победа Колумбија не е сигурен учесник во осминафиналето, па во следното коло на 28 јуни во Самара ќе мора да ја совлада селекцијата на Сенегал.