Кол посакува трансфер во Бирминем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ешли Кол потврди дека сериозно би размислил за евентуален трансфер во редовите на Бирмингем.

Минатиот месец излегоа шпекулации дека клубот предводен од Хари Реднап сериозно ќе ги засили своите редови со тоа што ќе ги донесе Ешли Кол и Роби Кин.

Запрашан за интересот на Бирмингем и дали би разгледал понуда за враќање во Англија, Кол одговори: „Да, ќе видиме што ќе се случи, но јас ги оставам сите опции отворени. Имам уште шест месеци од договорот со Лос Анџелес, но трансферот во Бирмингем е нешто за што сериозно размислувам.“

Роби Кин сепак доби попримамлива понуда од Кол и веројатно лебот ќе го печали во Индија, во редовите на Атлетико де Колката, тим предводен од Теди Шерингам.