Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Се подигна голема прашина во Италија околу Мауро Икарди и неговиот статус во Интер.
Одземена му е капитенската лента, надвор од ростерот е откако тоа се случи, како што се наведува поради повреда на коленото.
Од клубот се убедени дека Аргентинецот е здрав, но дека на сите начини се обидува да издејствува трансфер, па како што се наведува на претходниот состанок со челниците на клубот ја донел и својата документација, со чија помош тврди дека и натаму е повреден.
Тргнат е од списокот за следниот меч на Интер, а ја „лајкна“ и објавата на дефанзивецот на Јувентус од Инстаграм, што многумина протолкуваа дека постои некој сигнал помеѓу него и „Старата дама“.
Денес официјално се огласија од Интер, извршниот директор Џузепе Марота се состана со Икарди и неговата сопруга Ванда, која е и негов агент.
Ќе се обиде Марота со Икарди да пронајде заеднички јазик, а останува да се види какви ќе бидат резултатите по новиот состанок.