Конте гради тим за освојување на ЛШ! Првото засилување стигнува од Франција!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Преговорите почнуваат во следната недела.

Се шушка веќе некое време, но според информациите од островот време е искрата да се разгори.

Антонио Конте, осоколен од велокодушната понуда на Роман Абрамович за во ова лето да потроши и до 200 милиони фунти (околу 230 милиони евра) на засилувања со цел да формира тим кој ќе го нападне тронот во ПЛ и во Лигата на шампионите, тргна по првиот пик.

На мета е Тјемуе Бакајоко!

Како што наведува влијателниот Телеграф, во Лондон се свесни дека Монако после речиси совршената сезона нема да продаваат евтино.

Односно дека 22-годишниот фудбалер нема да чини помалку од 50 милиони евра.

А може и повеќе.

Челси наводно е заинтересиран и за сонародникот на Бакајоко Томас Лемар, но и свесен дека шансите Монако ги продаде двајцата се еднакви на нула.

Кнежевците јавно искажаа дека не се во финансиска несигурност и дека сакаат уште една резултатски успешна сезона.

Неофицијално може да се слушне дека зелено светло да заминат ќе добијат само двајца играчи.

Најмногу се шпекулира со имиња се Бернардо Силва и баш Бакајоко.

Поради тоа и Сините тргнаа на овој фудбалер, па се спремни како влог да го испратат и Батшуаји, кој тешко ќе се наигра на Стенфорд Бриџ иако против ВБА постигна гол за титула.

Баш тоа му беше втор погодок откако во минатото лето стигна од Марсеј за 38.5 милиони евра.

Крај своето име сеуште нема натпревар во стартните 11 на Конте.

А ако Монако не го сака – парите не се проблем. Сеуште Сините не ги потрошија 60 милиони фунти (околу 70 милиони евра) од продажбата на Оскар во Кина, а бидејќи се претпоставува дека и Диего Коста ќе оди во Далечниот Исток и тоа за дури 90 милиони евра – јасно е дека касата на  Стенфорд Бриџ едвај се затвора кога е полна.

Нешто ќе внесе и Асмир Беговиќ, Валенсија и Интер се распрашуваа за Курт Зума…

Од друга страна, мети се Ромалу Лукаку, со тоа што Евертон бара 100 милиони фунти што Челси ни во лудило нема да ги даде, па стоперот Вирџил Ван Дајк, но Светците тврдат дека нема да го пуштат, но тоа го правеа повеќе пати па на крајот попуштаа.

Тивно се шепоти дека Сините може да тргнат на уште еден играч на Евертон Рос Барли, но и тука постои голема разлика околу процената на неговите квалитети (Карамелите бараат 50 милиони фунти), се знае дека Алексис е под лупа, но се знае и дека Баерн, па и Пари Сен Жермен имаат предност.

За почеток сепак – Тјемуе Бакајоко!