Конте најде замена за Куртоа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Сините пронајдоа нов чувар на мрежата.

Се е извесно дека Асмир Беговиќ ќе го напушти Стенфорд Бриџ, најверојатно ќе го засили Борнмаут, кој и во зимата проба да го ангажира.

Така ќе остане испразнето местото втор голман на Сините, а изгледа дека Конте најде човек кој може да го потполни.

Имено, нов голман на Челси во ова лето може да стане Дејвид Стокдејл.

Овој 31-годишен голман на Брајтон, кој избори пласман во Премиер лигата бидејќи сезоната во Чемпионшип ја завршија на второто место, по пат на својот Твитер профил ја извести јавноста дека ќе ги напушти „Галебите“ во ова лето, а медиумите шпекулираат дека негова наредна дестинација може да биде Челси.

Тој во оваа сезона е внесен и во најдобриот тим во второто по ранг натпреварување во Англија, а Конте наводно верува дека тој би бил идеална замена за Куртоа.

На него договорот со Брајтон истекува во ова лето, и на Бриџ ќе стигне без оштета.