Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Челси, Антонио Конте го искоментира повлекувањето на Давид Луиз од тимот во натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Бразилскиот стопер беше постојано дел од првиот тим се до вчерашниот натпревар, кога Конте го прати на требините.
Тој им даде шанса на Аспиликуета, Кејхил, Кристенсен, Запакоста и Алонсо, а за Луиз немаше место и тоа ги шокираше навивачите.
За среќа тимот на Конте оствари победа без примен гол, па така на крај излезе дека Италијанецот донел правилна одлука.
„Тоа е исклучиво тактичка одлука. Мора напорно да работите, во спротивно или сте на клупата или на трибините. Се е тоа нормално. Ова може да му се случи на секој од моите играчи, но ако видам дека не се во добра состојба. Го направив тоа што морав даго направам и на крај испадна дека младиот Кристенсен одигра добар натпревар. Среќен сум поради тоа. Морам да ја донесам најдобрата одлука за клубот,а не за поединци. Понекогаш може да се направат и грешки, но понекогаш ги правам и најдобрите работи за тимот“, изјавил Конте.
Кога беше прашан, дали Луиз ќе остане во тимот или не тој одговорил:
„И моето место моментално е загрозено, не знам што ќе биде со мене, а не пак со Луиз“.