Конте ја одреди примарната мета, стигнува најдобриот од Премиер лигата?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Замислете го овој трансфер?!

Менаџерот на Челси Антонио Конте го означи Алексис Санчез како своја примарна мета во наредниот преоден рок.

Како што пренесе добро информираниот англиски Гардијан, Челси во ова лето ќе тргне во тотална офанзива по одличниот Чилеанец кој нема намера да остане во Арсенал.

Санчез има договор до јуни 2018 година и ова лето е последна шанса за Арсенал да заработи нешто од негов трансфер.

Секако дека нема да сакаат да го продадат на својот голем ривал, па е логично Арсенал попрво да ја прифати понудата на Јувентус, Интер или Пари Сен Жермен.

Меѓутоа, проблем може да направи Челси кој ќе биде најубедлив и најпривлечен за Санчез.

Конте сака да му обезбеди на Чилеанецот огромни 250 000 фунти неделно и за околу него да се гради шампионски тим со кој би ја нападнал и Лигата на шампионите.

Покрај тоа, Конте од управата порача и левоног дефанзивец кој би ја засилил конкуренцијата на Маркос Алонсо.

За тоа место навопдно први мети се Давид Алаба и Алекс Сандро, но тешко дека Баерн и Јувентус така лесно може да  се откажат од своите стандардни првотимци.

Сепак, ако успее во својата намера, замислете каков тим Челси ќе има во наредната сезона…