Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Палермо го победија на домашен терен Кротоне минимално во натпревар од 23-то коло во Серија А.
Македонскиот фудбалер, Илија Несторовски во 27-ма минута погоди на асистенција на Ембало за водство на Палермо.
Ilija Nestorovski – Goal HD – Palermo vs… by Highlights-Serie-A
Две минути подоцна Несторовски имаше шанса да постигне втор погодок, но шутираше непрецизно. На полувреме Палермо имаше минимално предност.
Во второто полувреме фудбалерот на Кротоне, Крисетиг доби втор жолт картон и ги остави гостите со десет фудбалери на теренот. До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а Палермо се радуваше, 1:0.
Вториот македонец кој игра во Палермо, Александар Трајковски го започна натпреварот и играше до 75-та минута кога на негово место влезе Силва. Несторовски не го одигра цел натпревар, во 92-ра минута беше заменет. Унгарецот Балог влезе на местото на стрелецот за Палермо.
Палермо денес ја запиша третата победа оваа сезона и има осум бода помалку од 17-то пласираниот Емполи кој е над цртата.
Прилепчанецот го постигна деветиот погодок оваа сезона, а 10-та позиција во листата на стрелци ја дели со Бернардески, Фалке, Хамшик и Теро.