„Кориере дело Спорт“: Јунајтед нуди 30 милиони фунти за голема желба на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед сака да му ги расипе плановите на Челси за ново засилување, па понудиле 30 милиони фунти за потписот на Николо Барела од Калјари.

Овој 21-годишен фудбалер привлече големо внимание од европските гиганти, а тренерот на Челси, Маурицио Сари го сака Барела како замена за Цеск Фабрегас.

„Кореиере дело Спорт“ пишува дека Јунајтед веќе испратил понуда, па останува да видиме дали италијанскиот клуб ќе ја прифати.

Калјари бара 45 милиони фунти за Барела, но Јунајтед јасно стави до знаење дека нема да понуди повеќе од 30 милиони фунти.