Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Евертон се во активна потрага по наследник на Роналд Куман кој доби отказ по поразот од Арсенал со 5:2.
Има многу кандидати кои се опција за „Карамелите“, но како најсериозно име се споменува актуелниот тренер на Барнли, Шон Дајч.
„Продолжувам со работа тука, тоа е мојот фокус во моментов. Имам искуство со вакви шпекулации од претходните години. Секогаш си поласкан кога ги има затоа што луѓето ја препознаваат вашата работа“- коментираше Дајч истакнувајќи дека останува посветен на работата во Барнли.
Пол Клемент исто така се поврзуваше со премин од Свонси во Евертон, но и тој кратко им одговори на новинарите кога му поставија прашање за неговата иднина.
„Тоа не ме интересира воопшто. Јас уживам овде бидејќи сум во многу добар клуб. Тоа е голем предизвик во кој уживам и во моментов немам никакви планови да одам на друго место“- коментираше Клемент.