Коста ја дочека својата одмазда и запраша: Каде е сега Конте!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста, никогаш нема да му прости на Антонио Конте за начинот на кој го избрка од Лондон.

Италијанецот го отпиша шпанскиот напаѓач за време на престојот на „Стемфорд бриџ“, а дека нема да смета на него му соопштил преку СМС-порака.

Сепак, ниту тој не остана долго на клупата затоа што доби отказ пред почетокот на новата сезона, а неколку месеци подоцна Коста го „пецна“ Италијанецот.

„Каде е сега Конте? Тоа беа тешки моменти за мене, но не беше моја грешка. Луѓето зборуваа премногу, а поради Конте на лош начин го напуштив Челси. Ја освоивме титулата и тој ми испрати порака дека повеќе не ме сака. Ме тераше да тренирам со резервите, но тоа го одбив и останав во Бразил. Има работи кои не се купуваат со пари“, кажа Коста.

Шпанецот се врати во Атлетико Мадрид, каде што игра повторно одлично.