Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарите на Трабзонспор започнаа штрајк поради неисплатени плати за минатите 3 месеци.
Тренерот на овој клуб, Базаревиќ и играчите започнаа штрајк.
Тие на раководството на Трабзонспор му дадоа ултиматум. Ќе чекаат на исплата до 15-ти март, а ако не добијат плата, целосниот тим и стручен штаб ќе го напуштат тимот.
Претходните години Трабзон имаше големи вложувања. Се работеше многу добро и тимот беше вистински хит во Турција, особено кога тимот го водеше Марковиќ.
Сепак, во последните месеци имаат финансиски проблеми. Очигледно дека нема повеќе пари во касата и дека овој тим наскоро би можел да се распадне.
Моментално овој клуб е на 12-то место во Турција со резултат од 7 победи и 14 порази.