Кралска тројка за Алавес – Четврта победа во низа за Реал Мадрид (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Алавес на Сантијаго Бернабе во натпревар од 29-то коло во Ла Лига, 3:0.

Првата поголема шанса на натпреварот кралскиот клуб ја имаше во 27-ма минута кога Роналдо шутираше, но неговиот удар го одбрани Пачеко. Четири минути подоцна Карим Бензема му донесе водство на Реал Мадрид.

Герет Бејл пред крајот на првото полувреме пропушти шанса за погодок. Алавес во второто полувреме преку Дејверсон пропушти неколку шанси за погодок. Најголемите шанси гостите ги имаа преку Ману и Мендез, но не ги искористија.

Иско во 86-та минута зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Начо кој постигна погодок со глава.

Реал Мадрид ќе остане лидер со пет бода повеќе од второпласираната Барселона која вечерва и гостува на Гранада.