„Кралскиот клуб“ со тесна победа против Плзен, Џеко ја однесе Рома до нова победа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид потешко од очекувањата славеше на домашен терен против Викторија Плзен со 2:1. Со оваа скромна победа, Лопетеги си купи барем уште малку времена клупата на „Кралевите“.

Стрелци на головите за Реал беа Бензема и Марсело, додека почесниот погодок за клубот од Плзен го постигна Хросовски.

Во истата група Рома без проблем славеше против ЦСКА Москва со 3:0. Џеко на два пати и Ундер беа стрелци на погодоците за „Волчицата“.

Резултати:

Ајакс- Бенфика 1:0

Рома- ЦСКА 3:0

Хофенхајм-Лион 3:3

Манчестер Јунајтед- Јувентус 0:1

Реал Мадрид- Плзен 2:1

Шахтјор- Манчестер Сити 0:3