Кратко траеше престојот во Италија: Стигна како засилување, а сега заминува во Русија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во летниот преоден рок донесе неколку големи засилувања, а едно од нив беше и Бенатија.

Тој во Торино стигна на позајмица од Баерн со откупна клаузула од 17 милиони евра, но неговата судбина во Италија е неизвесна.

Со оглед на тоа дека не успеа да избори место во првиот тим, се почесто се шпекулира дека тој ќе го напушти тимот.

Како можни дестинации се споменува Спартак, чиј тренер е Масимо Карера кој е голем фан на овој фудбалер.

Во случај Бенатија да не остане во Јувентус, Спартак ќе мора да преговара со Баерн.

Бенатија оваа сезона настапи на 10 натпревари, од кои само 7 беа во Серија А.