Крај на прекрасната бајка: Ѕвездата го напушта Минхен после пет титули и освоена ЛШ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арјен Робен ја одигра, можеби, последната есен во дресот на Баерн.

Имено, како што дознава “Italsportpres”, Зените ја разгледува можноста да го ангажира холандскиот репрезентативец, на кого договорот истекува за шест месеци.

Неговата вредност е, според специјализираниот сајт “Transfermarkt”, 11 милиони евра, а Баварците се, наводно, спремни да го пуштат за милион помалку.

Крилниот напаѓач во Минхен е од август 2009 година, кога стигна од Реал Мадрид за 24 милиони евра.

Одигра 223 натпревари, постигна 121 гол и оствари 79 асистенции. Со Баварците ја освои Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, Суперкуп на Европа, пет шампионати, четири купови и два Суперкупови на Германија.