Крвнички старт на Пепе во дербито за Порто


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид, Пепе, минатата недела одлучи да се врати во Порто со кој потпиша договор до летото 2021 година.

Откако го напушти Реал Мадрид овој искусен 35 годишен фудбалер потпиша за Бешикташ, но поради финансиска криза во турскиот клуб одлучи да ја прекине соработката.

Иако имаше доста понуди на крај одлучи да се врати дома и да потпише за Порто.

Пепе веќе дебитираше во дресот на Порто и после само еден натпревар стана главна тема во светскиот фудбал. На натпреварот против Леискоес на кој Порто победи во продолжението со 2:1 Пепе имаше крвнички старт кој го потсети на старите денови.

Тој го покоси Педро Хенрике кој остана да лежи на земјата, а Пепе за овој исклучително груб прекршок доби само жолт картон.