Кристијано објави фотографија која ги „запали“ навивачите на Јуве

Кристијано Роналдо ова лето започна нов живот во Торино.

После девет години поминати во Мадрид каде го носеше дресот на Реал, Португалецот одлучи да потпише за Јувентус и сега ужива во магиите на градот во северна Италија.

Кристијано после потпишувањето за Старата дама доби уште многу фанови, а вчерашната објава на Инстаграм целосно ги ,,запали” навивачите на Јувентус.

Најдобриот фудбалер на светот пред објективот на фотоапаратот позираше заедно со своето семејство. Сите се облечени во дресот на Бианконерите, а Кристијано напиша и краток коментар:
,,Црно-бело семејство”.

Секако, ова ги воодушеви навивачите на првакот во Италија. За само 10 минути фотографијата е лајкувана од милион луѓе, а после 10 часа фотографијата добила повеќе од 8.5 милиони лајкови.

Роналдо полека но сигурно го освојува Торино на сите можни начини.

La famiglia bianconera! #finoallafine

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on