Кристијано што ќе посака и добива: Најголемото засилување на Милан стигнува во Реал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е тајна дека Кристијано Роналдо е миленик на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Португалецот обично го добива тоа што ќе го посака, а сега има желба во „Кралскиот клуб“ да заигра еден фудбалер на Милан.

Како што пренесува „Диарио Гол“, Роналдо изразил желба Реал Мадрид да го ангажира дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи. Португалецот наводно сметал дека на тој начин конечно ќе се стабилизира одбраната која оваа година и не е баш на највисоко ниво.

Бонучи како најголемо засилување пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Јувентус но зад себе има лоша полусезона во дресот на Милан. Репрезентативецот на Италија уште во јануари би можел да ги напушти „росонерите“ доколку до него стигне примамлива понуда, а таква со сигурност би била и таа на Реал Мадрид.