Кристијано ја продава вилата во Манчестер за која го врзуваат убави спомени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо одлучил да го продаде имотот кој го поседува во Манчестер.

Ѕвездата на Јувентус во овој англиски град поседува имот кој го купи во 2006. година за 3.85 милиони фунти. Се работи за вила со пет спални соби, теретана, џакузи, кино и многу други работи за тренинг и забава.

Се работи за навистина импресивен имот, а Португалецот сега бара 3.25 милиони, односно нешто помалку од цифрата која ја плати пред 12 години.

Тој и порано проба да ја продаде оваа вила, но набрзо ја повлече од пазарот бидејќи не можеше да ја достигне вистинската цена.

Сепак, сега е спремен и да изгуби одредена сума на пари и конечно да се реши од тој имот кој реално не му е потребен, но за кој се врзани убави спомени, бидејќи току таму се изгради како фудбалер, играјќи за Јунајтед.