Крос му возврати на Шустер: Кој е тој?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Берн Шустер го критикуваше Тони Крос по поразот кој „Кралевите“ го претрпеа против Барселона со 3:0.

59 годишниот стратег освен до Крос упати критики до Модриќ, Варан и Дани Карвахал. Шустер го нарече својот сонародник Крос „трактор со дизел мотор“.

На ваквите напади не остана нем и самиот фудбалер кој преку своите социјални мрежи кратко само го постави прашањето „Кој?“ алудирајќи на тоа кој е Бернд Шустер кој нема некој посериозен успех во тренерските води.