Крсте Велкоски се врати во Сараево

29 годишниот повремен македонски репрезентативец, Крсте Велкоски се врати во редовите на Сараево.

Велкоски претходно го носеше дресот на Сараево од 2014 до 2016 година и стана миленик на навивачите на клубот. Во тој период стружанецот ја освои шампионската титула во првенството, како и купот на Босна и Херцеговина.

Во двете сезони кои ги помина во Сараево Велкоски на 75 натпревари постигна 31 гол, запиша 21 асистенција и со таквите игри обезбеди место и во репрезентацијата на Македонија.

„Пресреќен сум и задоволен поради враќањето во Бордо фамилијата, од која никогаш не заминав. Во Сараево освоив два трофеи и ги понудив најдобрите игри во мојата кариера. Секако, се надевам на продолжение на добрите резултати во дресот на Сараево зошто за овој клуб ме врзуваат најубави емоции и спомени“- коментираше Велкоски по потпишувањето на договорот.

Од Сараево интерес за услугите на Велкоски имало и пред неколку месеци, но тогаш напаѓачот се одлучи да остане во Азија потпишувајќи за тимот на Корат од Тајланд.