„Кулибали останува во Наполи, одбивме 90 милиони евра!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалецот Калиду Кулибали и во наредните пет сезони ќе раководи со одбраната на Наполи, така објави претседателот на италијанскиот клуб Аурелио де Лаурентис.

Пред подготвителниот натпревар кој го играше неговиот тим со Ливерпул, Де Лаурентис кажа дека Кулибали го продолжил договорот со Наполи.

„Кулибали го продолжи договорот на уште пет години. Тој е најверојатно најдобриот дефанзивец. За него одбив три понуди од 90 милиони евра, зашто немам намера да го продадам“, кажа тој.

Сенегалецот дојде во Наполи од Генк во 2014. година и во претходните четири сезони беше незаменлив дел во одбраната на италијанскиот гигант.