Кулибали се огласи на Твитер после расистичките навреди: Како да не го поддржите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали беше во центарот на вниманието во текот на вчерашниот натпревар помеѓу неговиот Наполи и Интер.

Навивачите на Нероаѕурите во текот на целиот меч го навердуваа фудбалерот на Наполи на расна основа, а тој нешто подоцна се огласи на Твитер и прати порака од која многумина можат многу да научат.

„Разочаран сум од поразот, но и од тоа што ги оставив моите браќа. Но, горд сум на бојата на мојата кожа.Горуд сум што сум Фрацузин, Сенегалец, Наполитанец, Човек“, напиша Кулибали.

Во текот на мечот официјалниот спикер на стадионот ги предупреди навивачите дека средбата може да биде прекината доколку се продолжи со расистички навреди, но сепак на крајот тоа не се случи.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти после мечот рече дека тој и неговите играчи ќе го напуштат теренот доколку ова повторно се случи.

Инаку, Интер со голот на Мартинез во 91. минута забележа победа.