Куманово лесно го победи и го остави Вардар на дното


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Куманово на домашен паркет го победија Вардар во натпревар од 13-то коло во македонската суперлига, 86:69.

Адекунле и Калов на почетокот на натпреварот погодија за 3:6. Кумановци преку Живановиќ и Јанески стигнаа до водство, 10:9. До крајот на првата четвртина се играше кош за кош, па Вардарци после првите десет минути игра имаа минимално водство, 16:17.

Мијатовиќ со пет поени во низа му донесе водство на Куманово, 21:17. Митев, Зекири и Салев го вратија водството на Вардарци, 21:24. Пет минути пред крајот на првото полувреме Салев и Зекири зголемија на четири поени предност за Вардар, 24:28. Кумановци преку Живановиќ, Караколев и Пековиќ повторно го презеде водството, 29:28. Домашните со серија од седум поени стигнаа до водство, 39:32. Георгиевски пет секунди пред крајот на втората четвртина погоди за 42:34.

Куманово со поени на Живановиќ и Пековиќ стигна до двоцифрена предност, 49:38. Пековиќ, Живановиќ, Мијатовиќ и Караколев зголемија на 19 поени предност, 65:46. Серијата на домашните кошаркари ја прекина Зекири со два поени, 65:48 со кои и се влезе во последната четвртина од натпреварот.

Пековиќ, Тодоровиќ и Мијатовиќ на средината на втората четвртина зголемија на 24 поени, 75:51. Кумановци со трите поени на Мијатовиќ и двата на Караколев стигнаа до водство 80:53. Тринаесетте поени во низа на кошаркарите на Вардар ја намалија негативата на 14, 80:66. Куманово на крајот се радуваше, 86:69.

Мијатовиќ со 28 поени го предводеше Куманово. Караколев и Живановиќ додадоа по 11, а Пековиќ 10 поени. Адекунле беше најефикасен во тимот на Вардар со 17 поени. Салев, Митков и Зекири постигнаа по 12 поени.

Девета победа за Куманово, а 13-ти пораз на Вардар во исто толку натпревари.