Куртоа одбива да даде одговор дека ќе остане во Челси

Голманот на Челси, Тибо Куртоа истакна дека не знае каде ќе игра следната сезона.

За талентираниот чувар на мрежата постои сериозен интерес од редовите на Реал Мадрид, а се споменува и тимот на ПСЖ.

Сепак, Белгиецот одбива да даде било каков коментар за неговата иднина, посочувајќи дека нештата ќе станат појасни по крајот на Светското првенство.

„Како што кажав и претходните месеци, ќе видиме по Светското првенство дали ќе останам во Челси или не“ –истакна Куртоа по крајот на ФА Купот кој Челси го освои против Манчестер Јунајтед.