Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фелипе Кутињо одлучил да ја напушти Барселона.
Бразилецот стигна во Барса пред 14 месеци од Ливерпул за 160 милиони евра. Сепак, иако имаше добар почеток, на Ноу Камп не покажа ништо посебно и се повеќе се поврзува со заминување.
ПСЖ е спремен да го доведе во своите редови. Тоа и ќе го пробаат во летниот преоден рок, но 26 годишниот бразилски фудбалер има свои планови.
Негова желба е преминување во Манчестер Јунајтед. Англиски Мирор тврди дека Кутињо разговарал со неколку фудбалери на Црвените Ѓаволи и спремен е да им се придружи во текот на летото.
Бразилецот во изминатите повеќе од година дена настапи во 60 натпревари за каталонскиот клуб, а постигна 18 голови, па раководството воопшто не е задоволно.
И оваа сезона Кутињо не е прва опција кај Ернесто Валверде. Започна вкупно 15 натпревари, а шанса најчесто добива од клупша. Од 38 одиграни натпревари оваа сезона постигна вкупно осум голови и запиша пет асистенции.