Кјелини: Роналдо може да застане рамо до рамо со Болт и Федерер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џорџо Кјелини призна дека било многу тешко да се замени Џанлуиџи Буфон на местото капитен во екипата на Јувентус.

Тој ја презеде капитенската лента, откако Буфон замина во ПСЖ изминатото лето, но сето тоа беше надополнето со пристигнувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

„Не беше лесно да се замени Џиџи. Како капитен морате да работите и на другите луѓе. Морате да оддржувате баланс на теренот, но и во соблекувалната и тоа не е ниту малку лесно. Кога е во прашање Роналдо, тој е вистински лидер. Многу ми е мило што го имам покрај себе. Кристијано е како Болт и Федерер“, истакна Кјелини.

Кјелини освои седум во низа титули во домашното првенство во дресот на Јувентус.

„Со Јувентус тоа е многу интересно. Победите со Јувентус се нешто посебно, тоа е над се, посебно чувство е да се оствари триумф“, заврши Кјелини.