Лаказет му направи големи проблеми на Емери во пресрет на средбата со Рен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач ќе ги пропушти двата меча против Рен во осминафиналето од Лигата на Европа.

Арсенал во 1/16 финалето беше поуспешен од Бате Борисов и се пласираше во следната фаза каде ќе се сретне со тимот кој го елиминираше Реал Бетис.

Уефа го казни Лаказет со три меча забрана за играње и му направи големи проблеми на Емери во пресрет на двомечот со францускиот тим.

Напаѓачот беше исклучен со директен црвен картон на првиот меч против Бате Борисов, по стартот над Александар Филиповиќ.