Лаказет откри каде ќе ја продолжи кариерата


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Александре Лаказет ќе ја напушти екипата на Лион во летниот преоден рок.

Иако 25-годишниот фудбалер е под договор со Лион до лето 2019 година, тој веќе најави дека ќе го напушти клубот, кој добро ќе заработи на негов трансфер.

Лаказет се поврзува со многубројни европски гиганти, а меѓу нив се имиња како Јувентус, Арсенал, Ливерпул.

Сепак, една работа ќе пресуди во изборот на клубот.

Шансите да го доведе има само тим кој игра во Лигата на шампионите.

„Во ова лето веројатно ќе изпробам нешто ново. Извесно е дека ќе заминам, но само во клуб кој игра во Лигата на шампионите. Исто така, тимот ќе мора да игра убав фудбал и не сакам во клуб кој само нафрлува топки меѓу двата казнети простори“, истакна Лаказет во разговор за официјалната страна на УФА.

Лаказет комплетната кариера ја помина во Лион. Настапуваше и за младинските тимови, а во оваа сезона во 40 натпревари постигна 31 гол.