Лаказет со изјава околу шпекулациите кои го поврзуваа со заминување од Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александре Лаказет истакна дека е среќен во Арсенал и покрај шпекулациите дека би можел да си замине пред крајот на трансфер периодот.

Лаказет не стартуваше во првите три средби за Арсенал, па се појавија вести кои го поврзуваа со враќање во Лион.

„Не знам кој ја пласираше таа информација, но јас сум во еден од најдобрите клубови в Лондон и сум среќен во Арсенал. Секогаш е тешко да влезеш во првите 11 во клуб како Арсенал, но јас секогаш ќе се борам за стартна позиција. Нема да играм секоја недела само затоа што сум изиграл добро еден натпревар“- коментираше Лаказет.