Лампард деновиве седнува на клупата на Дерби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард е во сериозна комбинација за клупата на Дерби Каунти како наследник на Гери Роует кој си замина од клубот за да потпише договор со Стоук Сити.

Самиот Лампард потврди дека има интерес од Дерби и дека и тој сака да се проба во менаџерските води. Разговорите се во полн ек и во следните неколку дена ќе добиеме конечен одговор дали легендарниот фудбалер на Челси ќе започне со тренерски ангажман.

Лампард се пензионираше од активното играње фудбал минатата година, а од тогаш работи како стручен аналитичар на натпреварите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.