Лацио купува фудбалер на Челси

Како што пренесуваат медиумите во Италија од редовите на Лацио се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат Педро Родригез од тимот на Челси.

Според „Ла Република“ и „Калчо Њус“, Педро е последното име кое се поврзува со Лацио како замена за Фелипе Андерсон кој замина во ВЕст Хем.

Поранешниот фудбалер на Барселона веќе не е во прв план во Челси, а има само уште една сезона од неговиот актуелен договор на „Стемфорд Бриџ“.

Од Лацио покрај Педро посакуваат во своите редови да го донесат и Арјен Робен од Баерн Минхен.

Челси би прифатил околу 25 милиони евра од Лацио за потписот на шпанскиот интернационалец.