„Лацио немаше среќа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус синоќа на Олимпико во Рим го победи Лацио со 2:0 и го освои Купот на Италија.

Головите за Старата дама ги постигна Алвеш во 12 и Бонучи во 25 минута.

Тренерот на Лацио Симоне Инзаги не можеше да биде задоволен од резултатот, но ги пофали своите играчи после дуелот.

„Овде зборуваме за финалист на Лигата на шампионите кој вечерва играше против Лацио кој би рекол дека и немаше среќа“, рече Инзаги за Раи Спорт.

„Во првото полувреме имаше една ситуација во која нивен играч играше со рака и тоа можеше да го промени натпреварот. Финалето го одлучуваа детали и вечерва тие детали не одеа во наша корист“, рече Инзаги и додаде:

„Моите играчи одиграа неверојатна сезона и вечерва пружија одличен настап. Беше емотивна ноќ, мораме да се заблагодариме на нашите навивачи. Со мала среќа натпреварот можеше да заврши подруго“.