Лајпциг прави тим за ЛШ – Стигнува „германскиот Дани Алвеш“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека најпријатното изненадување во БЛ полека тргнува да прави тим за ЛШ.

На 5 кола до крајот на сезоната Лајпциг е втор на табелата и има 8 бодови помалку од Баерн Минхен, но со оглед на тоа дека има 7 бодови повеќе од Хофенхајм и 8 од Дортмунд, пласманот во ЛШ е реалност.

Во клубот се свесни дека им се потребни засилувања, па веќе е одбрано првото.

Станува збор за Вајзер, 22-годишен бек на Херта, кој по стилот на игра и поради одличните напаѓачки каракатеристики потсетува на Дани Алвеш.

Овој играч започна да игра фудбал во Ајнтрахт и се промовираше со Келн, а интересно е тоа дека во свои редови го донесе Баерн Минхен.

Сепак, не успеа таму да се избори за сериозна улога и во 2015-та година премина во Херта.